Get Adobe Flash player

Inni o nas ● Другите за нас

Нов клавир „Петроф“ за државното музичко училиште во Битола.

20-12-3013, Битола, Орбис ТВ

Синоќа во Државното музичко училиште во нашиот град се одржа свечен концерт по повод новиот клавир марка „Петроф“ , донација од Полската амбасада во РМ. Клавирот е од големо значење за ова училиште затоа што веќе 40 години не е купен ваков инструмент.

Со свечен концерт синоќа беше промовиран најновиот инструмент , клавир марка „Петроф“ во Државното музичко училиште во нашиот град. Станува збор за донација вредна 25 000 евра од страна на Полската амбасада во РМ и Министерството за надворешни работи на Р Полска , а во соработка со МОН на Македонија и Државното музичко училиште од нашиот град. Донацијата на клавирот „Петроф “ не е случајна . Со оглед на тоа што музичкото училиште веќе 20 години е вклучено во негувањето на полската култура и музиката на Фредерик Шопен полската амбасада одлучи годинешниот грант да го додели на ова битолско училиште. Донацијата на полската амбасада оди во вистински раце. Клавирот е од исклучително значење за понатамошната работа на ова училиште, затоа што ваков инструмент не бил купен 40 години, вели директорот на училиштето Панде Тунтевски. Во присуство на претставници од полската амбасада како и претставници од локалната самоуправа учениците од музичкото училиште одржаа концерт на кој интерпретираа дела од Шопен.

Орбис ТВ


Нов клавир Петроф во музичкото училиште-донација од полската Амбасада

20-12-3013, Битола, Тера ТВ

Во музичкото училиште во Битола беше одржан концерт на кој композициите од Шопен, Глук, Шуберт, Моцарт ги изведоа учениците во истото.

Концертот се одржа по повод новиот клавир PETROF набавен во соработка со Амбасадата на Р. Полска во Р. Македонија и Државното музичко училиште – Битола.

На концертот настапија-Злата Даниловска, Љубица Здравковска, Горјан Стојановски, Ирини Халари, Теодор Капинковски, Бојан Димитровски, Фанија Цалевска, Дарко Гроздановски, Анастасија Гичевска, Симона Шурбевска, Филип Наневски, Лилјана Стојковска, Томе Костовски, Фросина Марковска , Мартин Тренески, Емилија Димовска, Тамара Коминовска.

Донацијата на полската Амбасада е од огромно значење како за музичкото училиште така и за Битола кој град е познат како град на клавирите, а со овој концерт музичкото училиште на препознатлив начин се заблагодари на амбасадата на р .Полска.

Тера ТВ